Теа ни открива рецепт за велигденски кифлички во форма на моркови

Полнетите велигденски кифлички, преслатки и превкусни, можат да бидат ѕвезди и на вашата велигденска трпеза.

Една од највлијателните готварски ѕвезди на социјалните мрежи кај нас е Теодора Георгиевска која стои зад профилот „Готвиме со Теа“.

Љубовта и страста кон готвењето ѝ се вродени,  уште во градинка омилено место ѝ било катчето со кујна, секогаш учителките таму ја наоѓале. Иако многу сака да готви, а и секојдневно подготвува јадења за нејзиниот Инстаграм профил „Готвиме со Tea“, вели дека сè уште професионално не се бави со подготовка на храна.

Основните вештини во гастрономијата ги учела дома, од своите родители, особено од нејзината мајка. Понатаму ги следела, а и сè уште ги следи, најпознатите шефови на кујни во светот. Некои од нив се Џиада, Гордон Рамзи, Џејми Оливер.

View this post on Instagram

Ова е една одлична идеја да подготвите предјадење или мезе за некоја ваша прослава или дружба со пријатели. Печените јајца во печурки полнети со фил од сланина се многу декоративн и неодоливо вкусни ??? Потребни состојки: ? 1 кг поголеми печурки ? 150 гр сланина ? 1 главица кромид ? 50 гр кашкавал за рендање ? помали јајца ? мешан сув зачин ? сол и црн бибер Начин на подготовка: Печурките исчистете ги од земјата, нежно отстранете им ги дршките и со лажичка отстранете им ја внатрешноста. Во тавче на оган ставете масло да се загрева. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го да се пржи. По 2-3 минути исецкајте ја сланината и ставете ја да се пржи заедно со кромидот. Во меѓувреме исецкајте ги дршките од печурките и заедно со внатрешноста од печурките додадете ги да се пржат заедно со сланината и кромидот. Посолете, наросете мелен црн бибер и додадете од сувиот мешан зачин. Пржете додека да испари водата која ја испуштаат печурките. Откако ќе се испржи секоја од претходно издлабените печурки со лажичка ја полните со филот, така што во средина ќе оставите простор за жолчка од јајце. Во секоја од печурките додадете малку изрендан кашкавал и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 250 степени околу 10 минути. По 10 минути, извадете ги печурките од рерна и во секоја од печурките ставете по една жолчка (ако не ви е важна декорацијата можете да ставите и матени јајца). Посолете и вратете ги во рерна уште 5 минути за да се испече јајцето. На здравје и уживајте! ❤ . . . #gotvimesotea #stuffedmushrooms #stuffed #mushroombacon #mushroomsofinstagram #mushroomlove #mushrooms #mushroomhead #mushroom #mushroomphotography #eggsandmushrooms #egglove #egginhole #cheeseandbacon #healthycooking #healthyfoodideas #foodideas #cherrytomatoes #breakfastfood #breakfastideas #breakfastlove #breakfasttime #healthybreakfast #healthybreakfastideas #breakfastofchampions #инстафото #храна #инстафуд #инстаграмџики #инстаграмџии

A post shared by Cooking with Tea ❤ (@gotvime.so.tea) on

Готвењето на многумина им го разубавува времето кое го минуваме во изолација, се појави ли поголем интерес за следење на твоите рецепти и готварски предлози во последниве недели? Какви рецепти најмногу се бараат?

– И кога не сте во изолација добрата храната ги зблужува луѓето, а и влијае на расположението. Посебно сега, кога сите се дома, се посветуваат на своето семејство и секој сака да зготви нешто вкусно, а целиот дом да мириса убаво. Мирисите од детството се паметат цел живот. Сè повеќе луѓе ме следат на социјалните мрежи и бидејќи тоа многу ми значи се трудам да им прикажам поубави и поинтересни рецепти. Во последно време се актуелни месените работи, како што се питите, кифличките, домашните пици. Можете ли да си замислите колку е пријатно кога дома ви мириса на топло печено тесто?

View this post on Instagram

Направете ги највкусните посни бургер лепчиња.? Ви препорачувам да си направите дупла доза, затоа што додека се топли сигурно пола ќе ги изедете ?? За што би ги искористеле? Бургер или сендвич? Начин на подготовка: За тесто: ✅ 600 гр. брашно ✅ 1 квасец ✅ 100 мл. масло ✅ 300 мл. вода ✅ 1 лажичка сол ✅ 1 лажичка шеќер За варење: ✅ 1 литар вода ✅ 1 лажичка сол ✅ 3 лажички сода бикарбона Квасецот и шеќерот растворете ги во водата. Брашното и солта измешајте ги во подлабок сад, а потоа додадете ги квасецот и маслото и оформете тесто. Тестото оставет го да стасува 30-40 минути. Откако ќе стаса тестото, оформете 10 топчиња. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода, со сол и сода да зовријат. Потоа секое од топчињата ставете ги во водата да повријат една до две минути. Извадете ги на крпа за да се упие влажноста, а потоа наредете ги на тавче за печење. Ставете сусам и по желба може да ги засечете со нож. Печете ги на температура од 200 степени околу 30 минути. На крај покријте ги со крпа и почекајте ги да се подизладат, а потоа ставете ги во кеса за да не се стврднат. На здравје и уживајте во прекрасните лепчиња ? . . #gotvimesotea #buns #burgerbuns #burgermania #burgerbun #bun #bunstagram #bunsofinstagram #doughbread #tastebuds #burgerbuns #homemadebread #homemadebuns #honeybuns #burgertime #burgerparty #burgeroftheday #homemadefood #veganburger #bakingtime #pastryfood #homebaking #bakingbread #bakingfun #храна #фудблог #инстафото #инстафуд #инстаграмџики #инстаграмџии

A post shared by Cooking with Tea ❤ (@gotvime.so.tea) on

Едукативната забава за децата во овој период многу ни значи. Од која возраст и од кои рецепти препорачуваш да се обидат во кујната?

– Најзабавна игра за децата уште од најмалата возраст е да прават колачиња од мокар песок и фигури од пластелин. Па така, најлесно запознавање со кулинарските вештини е месењето на теста и обликување колачиња со малите детски рачиња. Нема поголемо задоволство за децата кога мајката ќе одвои дел од тестото и ќе им го даде сами да си го обликуваат. Исто така децата на секоја возраст можат да учествуваат во подготвувањето на семејниот ручек, така што ќе го мијат или сечкаат зеленчукот или ќе направат наједноставна салата. Така кај децата низ игра се создава работна навика. Чувството на семејна радост и поврзаност и мирисите од детството, потоа во животот ги поттикнуваат да експериментираат во кујната со нови рецепти.

Подготвени ли се Македонците да експериментираат со различни вкусови за непцето, слатки-солени рецепти, кисело – лути, и слични, навидум неспоиливи комбинации? Да ни препорачаш една таква „чудна“, а превкусна комбинација?

– Голем дел од Македонците се научени на традиционалната храна и тешко прифаќаат нови и модерни рецепти. Лично јас, покрај традиционалната храна, многу сакам и да експериментирам со вкусови, па и често знам да подготвам некоја таква навидум чудна комбинација. Прво што ми доаѓа на ум, а е и моја омилена „чудна комбинација” е пилешко со ананас. На многумина им е чудно, но навистина има интересен и специфичен вкус.

View this post on Instagram

Добро утро, нека денот ви започне со рибја чорба. ??? Најчесто главата и опашката од рибата ги фрламе, но јас ви подготвив рецепт во кој што можете да ги искористите и да добиете прекрасна рибја чорба. П.С. Направете си поголема количина за да имате за појадок, ручек и вечера, нема да зажалите. ?? За подготовка на овој рецепт за 4-5 лица се потребни следните состојки: ? глава, опашка и икра или млеч од риба (крап) ? 3-4 моркови, средна големина ? ½ главица корен од целер ? 1 пашканат ? млад кромид или праз (по желба) ? 1 компир ? 1,5 – 2 л. вода ? мешан сув зеленчук ? сол и црн бибер ? масло ? 1 лажица брашно ? лист од целер или магдонос (по желба) ⏱Време на подготовка 30-45 мин. Сите состојки исецкајте ги на ситни парчиња или во сецко. Во садот во кој ќе ја правите супата ставете масло да се загрева и откако ќе се загрее ставете ги морковите да се пропржат 2-3 минути. По некоја минута пржење додадете ги претходно исецканите моркови. Налејте вода, додадете ги сите останати состојки, зачинете и посолете. Во исто време ставете ги и деловите од рибата. Варете 15 до 20 минути. Со лажица решетка извадете ги сварените делови од рибата во посебен сад, а чорбата тргнете ја од оган. Откако рибата внимателно ќе ја исчистите со помош на две вилушки, вратете ја во чорбата (икрата или млечот згмечете ги со вилушка во друг сад за да не се измешаат со коските). Во тавче на оган ставете малку зејтин и една лажица брашно да се пропржи за да добие златно жолта боја. Оваа запршка ставете ја во чорбата која ќе и даде густина и посебен вкус (за оние кои не конзумираат брашно, може и без оваа запршка). Вратете ја чорбата на оган, додадете бибер и исецкан лист од целер или магдонос и по 2 минути варење исклучете го огнот. На здравје и уживајте ? . . . #gotvimesotea #souptime #souplover #soupoftheday #soup #stew #stewfish #stewed #fishstew #corba #çorba #stewart #healthycooking #healthyfood #healthysoup #soupe #souprecipe #soupseason #fishsoup #fishfood #fishdish #vegansoup #veganfood #седисидома #храна #инстафото #инстафуд #инстаграмџики #инстаграмџии #фудфото

A post shared by Cooking with Tea ❤ (@gotvime.so.tea) on

View this post on Instagram

Време е малку да се заблажиме. Овие домашни чоколадни бонбони се малку досадни за подготовка, но на крај ќе ви се исплати трудот. ??? Потребни состојки: ? 330 мл слатка павлака ? 140 гр чоколадо за готвење ? 4 – 5 чоколади за готвење ? кора од банана ? кора од портокал ? 3 лажици кокос Банана и портокалот треба да бидат измиени и да стојат во вода 1 час. Банатата се лупи и кората се сецка на неколку парчиња. Од портокалот се лупи кората со ноже за лупење на компири. Додека бананата и портокалот стојат во вода се припрема топено чоколадо. Постепено топете чоколадо за готвење на пареа со кое ќе ги премачкате калапите. Откако ќе ги премачкате калапите ставете ги во замрзнувач и започнете со подготовка на кремот. Слатката павлака се загрева да врие 5 минути со кората од банана и кората од портокал и 3 лажици кокос. Се процедува низ ситна цедалка во сад со 140 гр рендано чоколадо. Се промешува додека чоколадото не се раствори. Настрана со миксер се матат три жолчки. Откако ќе се изматат жолчките се мати чоколадото со павлаката и во жолчките се става павлаката со чоколадото и со миксер се мати подолго време, додека стане како крем. Кремот со лажиче се става во претходно спремените калапчиња премачкани со чоколадото. Калапчињата наполнети со кремот се ставаат во замрзнувач. После 30 минути се вадат од замрзнувач и се премачкуваат со чоколадо за готвење за да се затворат. Се враќаат во замрзнувач на 30 минути. ? #gotvimesotea #chocolatecookies #chocolates #chocolat #chocolatemousse #chocolatebonbons #bonbons #darkchocolate #belgianchocolate #bonbon #candy #candychocolate #chocolatecandy #chocolat #praline #praliner #cioccolata #cioccolato #chocolates #homemadecookies #homemadechocolate #sweetcandy #chocolatelover #chocolatelovers #bonbonchocolat #храна #инстаграмџики #инстафото #инстафуд #инстаграмџии

A post shared by Cooking with Tea ❤ (@gotvime.so.tea) on

Кои зачини се на твојата топ пет готварска листа?

– Покрај сол, бибер и мешан сув зеленчук, кои верувам дека се неизбежен дел од секоја македонска кујна, многу користам босилек, оригано, рузмарин, нане и буковец.

Велигденските празници се пред нас, би споделила ли со нас рецепт – твој фаворит за велигденската домашна трпеза?

– Најголемиот христијански празник Велигден, празникот над празниците, кај мене предизвикува необична радост и претпразнична возбуда во желба што посвечено да се прослави. За таа цел претходи чистење на домот, украсување со велигденски декорации и засадување на жито на кое ќе ги наредам велигденските јајца кои ги фарбам во четврток рано наутро. Во сабота подготвувам различни рецепти кои во неделата ќе се најдат на нашата празнична семејна трпеза. Како предјадење ви ги предложувам овие полнети конусни кифлички кои личат на моркови и покрај тоа што се вкусни ќе ви ја разубават велигденската трпеза.

РЕЦЕПТ

Време за подготовка – 60 минути
За 4 лица (12 кифлички)
За тесто:
– 250 гр. брашно
– 125 гр. млако млеко
– 1/4 свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1/2 лажичка сол
– 30 мл. масло
– сусам
– 1 јајце
За фил:
– 200 гр. кисела павлака
– 2 лажици мајонез
– свеж магдонос
– 150 гр. шунка
– 3-4 кисели крставички
– 150 гр. крем сирење
– 50 гр. печен сусам
– сол и бибер

Начин на подготовка

Млекото загрејте го заедно со шеќерот, а потоа во него ставете го квасецот да се растопи. Во подлабок сад ставете го брашното и измешајте го со солта. Во средината на брашното направете дупка и во неа истурете ги млекото и маслото. Оформете меко тесто и оставете го да стасува покриено со крпа 30 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот. Исечкајте ги на коцки шунката и киселите крставички. Исечкајте го и магдоносот. Сусамот пропржете го во тавче без масло на тивок оган, а потоа сите состојки потребни за филот убаво измешајте ги. Филот ставете го во фрижидер додека ги подготвувате кифличките.

Од стасаното тесто оформете 12 топчиња. Доколку немате калапчиња во форма на конус, направете си сами од алуминиумска фолија.

Секое од топчињата размесете го на мрсна подлога така што ќе го развлечете како стапче, а потоа ќе го замотате околу калапчето. Треба да добиете форма на морков. Наредете ги во тавче за печење врз мрсна хартија. Секоја кифличка намачкајте ја со изматено јајце и печете во претходно загреана рерна на 250 степени 10 минути.

Кога ќе се изладат испечените кифлички, наполнете ги со лажичка или шприц со претходно подготвениот фил. Декорирајте со гранчиња свеж магдонос.

На здравје и уживајте!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот