Теа Настоска освои бронзен медал на Балканското првенство во џудо за кадети

Голем успех на џудистката Теа Настоска во Коџаели, Турција/фото: Џудо Федерација на Македонија

Македонската кадетска џудо репрезентација е во Коџаели (Турција) каде што настапува на Балканското првенство со вкупно шест натпреварувачи.

Во Коџаели отпатуваа Игнат Петров (-55 кг.), Никола Магдески (-66 кг.), Теа Настоска (40 кг.), Теона Настоска (-44 кг.), Ива Богдановска (-52 кг.) и Лилјана Недановска (-63 кг.). Екипата е предводена од селекторот Дејан Мицкоски и тренерот на кадетската селекција, Мики Чадамов.

Теа Настоска успеа да освои бронзен медал, таа покажа одлични борби, а пресудна беше борбата за третото место против романска репрезентативка.

Останатите џудисти имаа одлични борби, но не се изборија за место на пиедесталот, информираат од Џудо Федерацијата на Македонија.

За денеска е најавен настапот на Недановска која според жребот првата борба ќе ја има со натпреварувачка од Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот