Бруклин Бекам со семејството Пелц - Фото: Инстаграм

Таткото на Никола Пелц првпат се огласи по семејната драма со Бекамови: „Мојот зет е одличен“

Милијардерот Нелсон Пелц, татко на актерката Никола Пелц, за првпат јавно се осврна на семејната расправија со семејството Бекам, но одби да навлегува во детали. Неговиот зет Бруклин Бекам кон крајот на минатиот месец преку социјалните мрежи порача дека не планира помирување со своите родители, Викторија и Дејвид Бекам, обвинувајќи ги дека намерно се мешале во неговиот брак.

На настан во Вест Палм Бич, Пелц кратко изјави дека темата не е соодветна за јавна дискусија, но истакна дека неговата ќерка и зет се прекрасни луѓе и дека им посакува долг и среќен заеднички живот. На прашањето дали им дава совети како да се справат со ситуацијата, одговори дека советите се взаемни.

Инаку, богатството на Нелсон Пелц се проценува на околу 1,6 милијарди долари, што е значително повеќе од проценетото богатство на семејството Бекам, кое изнесува околу 680 милиони долари. Во јавноста се појавија и информации дека финансиската позадина дополнително ја усложнила ситуацијата, особено околу предбрачниот договор меѓу Бруклин и Никол.

Новинарката Марина Хајд, во еден поткаст, изјави дека Бекамови му обезбедуваат финансиска поддршка на својот син, но очекуваат тој постепено да стане финансиски независен. Според нејзините тврдења, Нелсон Пелц наводно изјавил дека на својата ќерка ѝ дава значителен месечен џепарлак, додека темата за предбрачниот договор била неочекуван момент за семејството Бекам.

Семејството Бекам засега не ги коментираше обвинувањата на Бруклин, а неодамна заедно се појавија на Неделата на висока мода во Париз. Во својата изјава, Бруклин наведе дека поради притисокот од семејството чувствувал силна анксиозност, а дека со Никол конечно пронашол мир и стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот