„Татко ти и мајка ти веќе ме закопаа“: Ведрана Рудан брутално искрена за средбата со внукот
Хрватската писателка Ведрана Рудан (74) ја шокираше јавноста кога на почетокот на мај објави дека ѝ е дијагностициран рак на жолчните канали. Таа постојано објавува текстови на нејзиниот блог во кои раскажува меѓу другото и за борбата со ракот.
Препорачано
Имено, Ведрана отворено зборува за борбата со ракот и за сите психолошки и физички промени низ кои поминува периодов. Таа без двоумење пишува за односот со семејството, партнерот, а нејзините зборови никого не оставаат рамнодушен.
Во последната колумна што ја објави таа раскажува за средбата со нејзиниот внук Крешо, кој по подолг период дошол да ја посети.
„Како се мама и тато?, прашала Ведрана.
„Тато рече дека имаш рак и дека ќе умреш и дека денешниот погреб чини како на Свети Петар…“, одговорил внукот.
„ИКајгана, Крешо, кајгана…Кога нешто чини многу, се вели дека чини како на Свети Петар кајганата“, му вратила Ведрана.
„Кајгана, јајца… Кога ќе умреш?“, продолжил Крешо.
„Никогаш не се знае, гледаш дека сè уште сум жива…Крешо мој, татко ти и мајка ти веќе ме закопаа“, му рекла Ведрана на внукот.
„Зошто плачеш Нона?“, прашал внукот.
„Сакам да живеам“, кратко одговорила писателката.


