„Татино мое“: Коки Јанков со посебна приказна за ќерката Лара
Никола Јанков – Коки сподели емотивна приказна за својата ќерка Лара, која живее со него во Штип.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По повод 17. роденден на својата ќерка Лара, тој сподели емотивна порака која ги допре срцата на неговите пријатели и обожаватели на социјалните мрежи. Коки објави прекрасен портрет од својата наследничка, која веќе е порасната девојка.
„Татино мое, 17. Мирисот на животот препознавај го и поплочи го патот со вистински одлуки. Ако не знаеш како, препушти му на Бог“, напиша Коки.

Лара учи во средното медицинско училиште во Штип.
„Со ќерка ми веќе живееме втора година заедно во Штип, медицина учи. Не можев да сонувам дека после сите катаклизми, јас и ќерка ми секоја вечер ќе си легнеме, ќе се смееме, ќе се поздравиме – таа во детска, јас во спална. Нека биде ова охрабрување за луѓето кои поминале низ истото“, рече музичарот и додаде:
„Дуле го нема, татко ми, мојот професор, разводот… Сум останувал така, буквално седам на улица со некои црни вреќи или куфери, короната дојде, се нема… Сум имал среќа да бидам во некој круг, некои луѓе ми кажаа некои многу добри работи, не како јас да правам, туку на кого да се потпрам. Сега сум појак и сега сето тоа е за добро“, изјави неодамна виолинистот за Гламур.
Коки, кој денес е професор по виолина, а стана познат по дуото Дуле и Коки, неодамна објави семејна фотографија на која е и неговата ќерка Лара, со посебен повод – роденденот на неговата мајка.
„Брат ми, внука ми, ќерка ми, мајка ми. Мамо, среќен роденден. Те сакаме“, напиша музичарот покрај фотографијата од среќното семејство.
Пред неколку години почина таткото на Коки, а тој е многу поврзан со својата мајка.


