Таеквондо: Трајковски „златен“ во Словенија, Релиќ со бронза од Шведска

фото: фејсбук

– Млади надежни репрезентативци кои допрва ќе постигнуваат големи успеси, има иднина сениорското олимписко таеквондо во Македонија – велат од федерацијата.

Дамјан Трајковски освои златен јуниорски медал на „Г1 Турнир“ во Словенија со три победи. Мила Релиќ се закити со бронзен јуниорски медал на „Г2 Турнир“ президент Куп во Шведска со две победи и еден пораз.

Како што информираат од таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, Релиќ оствари победа против Грција (9:1) и над домаќинот Шведска (12:6).

фото: фејсбук

Во полуфиналето силите ги одмери со светската вице-шампионка, репрезентативката на Америка, Алена Вијана и загуби со 1:5.

Македонската таеквондо федерација им ги честита меѓународните успеси на нашите репрезентативци.

– Млади надежни репрезентативци кои допрва ќе постигнуваат големи успеси, има иднина сениорското олимписко таеквондо во Македонија – велат од таеквондо федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот