СЗО за „Астра-Зенека“: Врската е веројатна, но не е потврдена

Советодавната комисија за безбедност на вакцините при Светската здравствена организација соопшти денеска дека причинската врска меѓу вакцината на „Астра-Зенека“ против Ковид-19 и ретките случаи на згрутчување на крвта со ниско ниво на тромбоцити, „се смета за веројатна, но не е потврдена”.

Во изјавата издадена по прегледот на најновите глобални податоци, независни експерти велат дека се потребни посебни студии за целосно разбирање на потенцијалната врска меѓу вакцинацијата и можните фактори на ризик.

ЕМА: Згрутчувањето на крвта е можна, но ретка нус појава од вакцината на „Астра-Зенека”

– Важно е да се напомене дека, иако загрижувачки, ваквите случаи се многу ретки, а мал број се пријавени меѓу речиси 200 милиони лица кои ја примиле вакцината на „Астра-Зенека“ против ковид-19 низ светот, соошти панелот.

Најавено е дека Комисијата ќе се состане повторно следната недела со цел да се разговара за дополнителни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот