СЗО: Пандемија не е ниту блиску до крајот

„Овој ден кога се навршуваат шест месеци од првата пријава за вирусот се поклопува со 10 милиони случаи и 500.000 смртни случаи“, додаде тој.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус,  денеска рече дека пандимијата од коронавирус не е ни блиску до крајот и нема скоро да заврши.

„Ова не е ни блиску до крајот“, рече тој на прес конференција за медиумите во Женева.

„Иако бројни земји напредуваа ширум светот, пандемијата всушност се шири се побрзо. Сите сме заедно во ова и на долги патеки. Веќе изгубиве многу, но не смееме да губиме надеж“, рече тој.

Тедрос рече и дека денеска се навршуваат, шест месеци откако СЗО ги прими првите информации за воспалението на белите дробови кое дошло од непознати причини. Подоцна се покажало дека се работи за коронавирус.

„Овој ден кога се навршуваат шест месеци од првата пријава за вирусот се поклопува со 10 милиони случаи и 500.000 смртни случаи“, додаде тој.

Рече и дека сме во момент кога треба да размислиме за напредокот кој го постигнавме и лекциите кои ги научивме дека треба да се посветиме на тоа да направиме се да ги спасиме животите.

„Пред шест месеци никој не можеше ниту да замисли дека светот и животот ќе ни изгледа вака“, заклучи тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот