СЗО активно работи за одобрување на вакцината „Спутник V“, вели Клуге

Руската вакцина Спутник V/ Фото: EPA-EFE/ANDREI POKUMEIKO / POOL MANDATORY CREDIT

Светската здравствена организација (СЗО) активно работи со руската страна на одобрување на вакцината Спутник V и во февруари ќе испрати нова инспекција во Русија за да ги процени условите за производство, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. 

Во интервју за агенцијата ТАС, Клуге потврди дека забрзано соработува со руските власти за издавање дозвола за итна употреба на вакцината Спутник V.

– Тоа е ветувачко, но и многу неопходно. Мисијата на СЗО која работи со националното регулаторно тело моментално е во Москва, а следната инспекциска посета ќе биде во февруари. Се чини дека се е вратено на вистинскиот пат – истакна Клуге.

Тој оцени дека тоа е вообичаена процедура и изрази оптимизам, кој, како што рече, го споделува со него и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габријесус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот