Светски рекорд на Ингебритсен на 1.500 метри во сала

Јакоб Ингебритсен/ фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебритсен на митингот во Лиевин го собори светскиот рекорд на 1.500 метри во сала.

Новото најдобро време изнесува 3:30.60 минути што е за 44 стотинки подобро од претходниот рекорд на Самуел Тефер од Етиопија кон на трката во Лиевин го освои второто место.

– Се надевав на личен рекорд, но не сонував дека можам да го соборам светскиот рекорд – изјави Ингебритсен.

Тој е европски рекордер на 1.500, 2.000 и 5.000 метри, а на Олимписките игри во Токио го освои златниот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот