Светски производители на пијалоци донираат неколку милиони литри алкохол за дезинфекција

Количините ќе бидат наменети за земјите тешко погодени од корона вирусот а каде има недостаток од средства за дезинфекција.

Најголемиот производител на пиво во светот „Anheuser-Busch InBev“ и најголемиот производител на жестоки пијалаци „Diageo“ најавија дека имаат намера да донираат неколку милиони литри алкохол кој би се користел за производство на дезинфициенси.

Британски „Diageo“ ќе донира два милиони литри прочистен алкохол произведен од житарици и истиот содржи 96 отсто етил алкохол, а се користи за производство на вотка и џин.

Целта е да се произведат повеќе од осум милиони шишиња од по 250 милилитри кои ќе бидат наменети за земјите каде има дефицит, а се тешко погодени од корона вирусот.

Средствата ќе им бидат распределени на здравствените тимови и работници во ранливите заедници во Австралија, Бразил, Велика Британија, Кенија, Индија, Ирска, Италија и САД.

„AB InBev“ пак ќе одвои 50 илјади литри дезинфициенс произведен од алкохол кој се добива при процесот на производство на безалкохолно пиво, а ќе биде наменет за билниците во некои од европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот