„Светиот грал“ за откривање на рак предвидува тумори една година пред да се формираат

Фото: Pixabay

Иднината во лекувањето на ракот – поздравен како „свет грал“ на рано откривање – сега почна да се тестира.

По радикално успешното испитување на пацинети болни од рак, новите крвни анализи кои можат да ги предвидат туморите повеќе од една година пред да почнат да се формираат, сега се применуваат во болниците низ Велика Бритнија, објави „Њујорк пост“.

„Ова е првиот тест на крвта за пан-канцер“,изјави Ашиш Трипати, основач и извршен директор на ‘Tzar Labs’, како и претседател на Epigeneres Biotech, индиската фирма каде тестот првпат беше развиен во 2021 година. Објавен е ажуриран извештај за нивните наоди овој месец во списанието „Stem Cells“.

„Можеме да детектираме рак, порано од другите познати технологии, пред туморот физички да се формира“, објасни Ашиш Трипати, во неговото последно интервју.

„Не само што можеме да го детектираме карциномот во оваа фаза, туку може конкретно да ви кажеме за кој тип на рак се работи и каде тој ќе се формира, само од крвната анализа“, додава Трипати.

Во испитувањето на 1.000 учесници од кои 500-тини биле без канцерогено заболување и 500-тини пациенти со рак, истражувачите биле во можност точно да го предвидат формирањето на тумори кај најмалку 25 видови на рак, вклучувајќи ги сите најраспространети и најсмртоносните сорти, како што се рак на дојката, панкреасот, белите дробови и колоректалните. Дури и меѓу некои учесници во групата „без рак“ било откриено дека имаат предиспозиција за идна дијагноза на рак.

Болниците во Велика Британија веќе почнаа да ја спроведуваат новата техника за дополнително докажување на концептот, додека истражувачите се надеваат дека наскоро ќе ја однесат и во САД.

Д-р Шериф Рауф, специјалист за гастроинтестинален карцином кој ќе го води испитувањето во болницата Свети Вартоломеј во Лондон, изјави:

„Откривањето на ракот во најраната фаза е ‘светиот грал’ на медицината за рак.“

„Нормално, ова не е лесен процес. Многу пациенти во моментот се подложени на скенирања, биопсии и прегледи на клиника. Да се ​​направи еден тест на крвта за да се открие присуството на рак во најраната фаза – или дури и пред да се развие – може да спаси многу животи.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот