Суперлига: Чувара прв стрелец, Вардар 1961 не дозволи изненадување против Куманово

Јан Чувара беше најефикасниот во новиот триумф на РК Вардар 1961/фото: facebook.com/rkvardar

Екипата на Вардар 1961 запиша уште еден триумф во македонската ракометна Суперлига откако триумираше на гостувањето кај Куманово со убедливи 18:31.

Домаќините изненадија со рамноправната игра во првиот дел од натпреварот, во првите 10 минути од мечот се играше гол за гол на двете страни.

Потоа, стапи на сцената поголемото искуство на играчите на тренерот Владо Недановски и да направат серија на погодоци. На пауза скопските „црвено-црни“ заминаа со предност од 11:15.

Во првите три минути од второто полувреме Куманово успеа да се доближи на „минус два“ негатива, но потоа следуваше нова низа на голови на Вардарци од 0:6 (13:21) и тука веќе се најавуваше победникот.

Јан Чувара беше најефикасен кај победникот со девет голови, а на спротивната страна по шест погодоци запишаа Мрвовиќ и Постоловски. На табелата во групата „А“ води Вардар 1961 со максимални 18 бодови, додека Куманово е претпоследен со три бодови.

Еурофарм Пелистер убедливо го совлада Тиквеш во Суперлигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот