Еурофарм Пелистер убедливо го совлада Тиквеш во Суперлигата

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Вилсон Дејвис/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Во својот нов суперлигашки натпреваар оваа сезона екипата на Еурофарм Пелистер славеше над Тиквеш со висок резултат 30:21 (16:9).

Тоа беше уште еден триумф за битолчани во рамките од групата „Б“ за моментно прво место со 16 бодови, додека Тиквеш е на четвртото место со 10.

На дуелот во салата „Боро Чурлевски“ први стрелци во победничките редови беа Ојлески, Стоилевски и Костески со пет голови.

На спротивната страна шестпати во листата на стрелците се заапиша Димовски, по четири погодоци имаа Дрогришки и Хамзиќ.

Денеска играчите на данскиот тренер Ларс Валтер ги добија противниците во групната фаза на ЕХФ Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот