„Супер макс“ плата: Еден потпис го дели Јокиќ од најголемиот договор во историјата на кошарката!

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) запиша трипл-дабл учинок и против „џезерите“/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ е и официјално најкорисниот играч во НБА лигата, а на чекор е и да стане најплатениот во историјата на кошарката.

Српскиот кошаркар „супер макс“ договор со Денвер доколку постои желба кај него да остане во Колорадо, а според американските медиуми следното лето би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА.

Јокиќ има опција да потпише „супер макс“ договор, што е инаку максимален договор во НБА од пет години и според кој неговата плата од година во година ќе расте на вкупно 241 милион долари!

ВИДЕО: Урнебесна реакција на Јокиќ кога дозна дека е МВП

Јокиќ моментално е обврзан со Денвер до 2023 година и на негово име ќе заработи точно 151.051.929 долари.

Како и да е, од сезоната 2023/24, доколку тој потпише нов договор, се разбира, на неговата сметка ќе започне неверојатен раст. Сето ова е направено според пресметката дека „селери кап“ изнесува 121,5 милиони долари годишно.

Колку за објаснување, се аплицира договор за „супер макс“ доколку играчот е во лигата најмалку осум години, игра цело време во тимот кој го драфтувал, член е на идеалната петорка (било која од трите) во последните две сезони или доколку тој е победник индивидуални награди како најдобар дефанзивец или МВП. Значи – Јокиќ!

ФОТО: Тренерот на Јокиќ е хит со маичката: Слаб, спор, не скока, но си „игра“ со вас

Доколку го потпише договорот, Јокиќ со тоа би го надминал грчкиот претставник Јанис Адетокумпо, кој според „супер макс“ договорот за пет години ќе заработи 228.200.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот