ФОТО: Тренерот на Јокиќ е хит со маичката: Слаб, спор, не скока, но си „игра“ со вас
Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун е можеби најсреќен што Никола Јокиќ е прогласен за МВП на сезоната. Мелоун има воспоставено одличен однос со својот најдобар играч, сиве овие години се обидуваше да го „разбере“ Јокиќ дури и доаѓаше во родниот град на кошаркарот – Сомбор, за да види каде израсна кој го воспитуваше но и да ја запознае средината во која Јокиќ созреваше како кошаркар.
Препорачано
Мелоун за да научи нешто повеќе за културата, слушаше српска музика, јадеше српски специјалитети и со таквиот пристап направи Никола Јокиќ во кого виде неверојатен потенцијал, да се чувствува комфорно во Денвер.
Но, освен што направи слушаше музика, научи српски зборови, Мајк Мелоун се чини дека го прифати и хуморот.
Така Мелоун веднаш по објавувањето на веста дека Јокиќ е прогласен за МВП на сезоната, облече маичка на која се набројани сите „мани“ кои ги апострофираа повеќето медиуми во САД поради кои не сакаа да го признаа центарот за главен фаворит за МВП признанието.
The back of the shirt. Good lord! pic.twitter.com/svUTSmraXZ
— Ryan Blackburn (@NBABlackburn) June 9, 2021
– 41
– Лош став
– Слаб дефанзивец
– Дечко од Денвер
– Слабичок
– Не може да скока
– Спори нозе
Ова го пишуваше на предната страна од маицата, додека на задната пишуваше:
МВП, Џокер си „игра“ со вас


