12.8 C
Скопје

Готово: Никола Јокиќ е прогласен за МВП во НБА лигата!

Никола Јокиќ е официјално најдобриот кошаркар на светот, откако беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Јокиќ беше избран за најкорисен играч во најсилната лига во светот по фантастичната сезона со Денвер Нагетс, и со тоа стана првиот Србин кој го добил ова големо признание.

Српскиот репрезентативец победи во конкуренција на Џоел Ембид и Стеф Кари.

Јокиќ беше единствениот од споменатите играчи кој ги одигра сите натпревари во регуларниот дел од сезоната и беше најзаслужен што Денвер заврши на третата позиција на табелата на Западната конференција.

Тимот на Мајк Мелоун забележа 47 победи и 25 порази, а нивниот учинок и особено настапите на Јокиќ добиваат на важност бидејќи на крајот тој немаше помош од другата ѕвезда на тимот, Џамал Мари, кој сериозно го повреди коленото и ќе има долга пауза.

Момчето од Сомбор мина скоро 35 минути на теренот во текот на 72 натпревари и за тоа време имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции, со одличен процент на шут.

Тој собори силни рекорди во однос на успешност на шутот, 16 пати запиша „трипл-дабл“, што го става на второто место зад неприкосновениот Расел Вестбрук (38) во натпреварувањето.

Признанието за најкорисен играч не само што ќе ги задоволи навивачите на Денвер, туку и оние на Србија, особено на селекторот Игор Кокошков, кој смета на Јокиќ за Олимписките игри во Токио.

Јокиќ стана најниско драфтуваниот МВП во историјата на НБА лигата. Никола беше 41. пик на драфтот во 2014 година. Тој стана првиот играч што бил МВП и ги играл сите натпревари во сезоната уште од 2008 година и Коби Брајант. Оваа сезона тој беше Топ 5 по поени, скокови и асистенции.

Интересен е податокот кој вели дека Србија го има и МВП на Евролигата за оваа сезона, тоа е Василије Мициќ. За прв пат во историјата, една земја го има најкорисниот играч во НБА и Евролигата.

Поврзани вести

Јанис го возврати ударот, Милвоки ја стопи предноста на Бруклин

Слободен печат

Пандев стана вториот најстар фудбалер кој постигнал гол на ЕП

Слободен печат

ЕВРО 2020: Спектакл во Амстердам со среќен крај за „лалињата“

Слободен печат

Ѓоковиќ оди по невозможното, освојување на сите четири грен слем турнири во една година

Слободен печат

ВИДЕО: Македонската химна за прв пат се интонираше на ЕП

Слободен печат

Алиоски разочаран: Одигравме одлично 70 минути

Слободен печат

Остави Коментар