Мициќ е најдобар играч во Евролигата

epa09110950 Baskonia's forward Achille Polonara (R) and guard Pierria Henry (C) defend EFES' guard Vasilije Micic during the Euroleague basketball game between TD Systems Baskonia and Anadolu EFES at Fernando Buesa Arena in Vitoria, Basque Country, Spain, 01 April 2021. EPA-EFE/David Aguilar

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ е прогласен за најкорисен играч во Евролигата. Српскиот репрезентативец МВП признанието го доби на основ на гласовите на навивачите, тренерите, новинарите и капитените на екипите кои играат во Евролигата.

Василије Мициќ во регуларниот дел од сезоната бележе просечно по 16.3 поени и 4.8 асистенции по натпревар и заедно со Шејн Ларкин се најзаслужни што турскиот тим обезбеди пласман на фајнал-фор турнирот каде ги очекува пресметка со ЦСКА Москва.
Мициќ стана 15. кошаркар кој е прогласен за МВП откако е воведена оваа награда (2005 година), а е првиот играч во историјата на Евролигата откако во изборот учествуваат и тренерите и капитените на екипите.


 

Видео на денот