Супер идеја за денешниот ручек – Потпечени тиквички со неколку вида сирење

Фото: Профимедиа

Мала промена во вашето секојдневие – сигурни сме дека одамна не сте подготвиле ваков ручек…

Состојки:

200 грама рикота сирење

100 грама рендан пармезан

1 јајце

1 главица кромид

сол, бибер

4 тиквички

100 грама моцарела

масло за јадење

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрева на температура од 180 степени уште пред да почнете со подготовка на јадењето.

Потоа, во подлабок сад, ставете ги сите видови на сирења потребни за подготовка на овој рецепт, матеното јајце и ситно исечканиот кромид како и зачините. Сите овие состојки убаво измешајте ги.

Тавата за печење премачкајте ја со масло за јадење, а тиквичките исечкајте ги на помали парчиња. Секое парче тиквичка измачкајте го во претходно подготвената смеса со сирење, а потоа редете ги во тавата за печење.

Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите состојки.

Доколку ви остане од смесата со сирењето, истурете ја врз тиквичките што веќе сте ги наредиле во тавата за печење.

Вака подготвеното јадење, печете го околу 40 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот