Султанот од Брунеи, диктатор опседнат со секс: Има златен авион, 7000 коли, а Џорџ Клуни прв го бојкотирал (ФОТО)

Profimedia

Со лично богатство од околу 28 милијарди американски долари, султанот од Брунеи е вториот најбогат монарх во светот, по тајландскиот владетел.

Но, би можел да ја заработи титулата најомразен на светот.

Хасанал Болкија (73) го донесе еден од најригидните закони според кој крадците ќе се казнуваат со отсекување на раката и ќе се камшикуваат муслиманите што пијат алкохол, додека припадниците на ЛГБТ-заедницата ќе се каменуваат до смрт, а сето тоа врз основа на новиот шеријатски закон.

Овој потег ја натера меѓународната јавност на бојкот. Првите реакции почнаа неколку часови откако Хасанал Болкија ја објави својата одлука. Најпрво се огласи Џорџ Клуни, повикувајќи бојкот на хотелите на султанот, вклучувајќи ги и „Дорчестер“ во Лондон и „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Му се придружија и други sвезди – Џеј Лено, Елен Деџенерис, Шерон Озборн, Ричард Бренсон и Клив Дејвис.

Profimedia

Брунеи има 415.000 жители, а Владата обезбедува бесплатно образование, здравствена заштита, пензии и кредити со ниски камати за купување куќи и автомобили. Нафтата е извор на целото богатство. Магазинот „Форбс“ ја рангираше на петтото место на најбогати земји. Алкохолот е забранет и речиси воопшто нема ноќен живот или културни настани. Додека султанот Хасанал Болкија и неговите браќа Џефри и Мохамед се придржуваат кон исламскиот закон, сè друго што прават е спротивно од Куранот и на законите што ги наметнал.

Оргии во дворецот

Султанот Хасанал живее крајно развратно. Уште во 1997 година се дозна за развратниот живот и за оргиите во дворецот на султанот. За тоа проговори поранешната мис на САД, Шенон Маркетиц, која подоцна ги тужеше султанот и неговиот брат Џефри. Во судските документи, таа тврдеше дека агенцијата за таленти посредувала за работа во Брунеи вредна 3.000 долари дневно за „лични појавувања и промотивна работа“.

 

Наместо тоа, рекла Маркетиц, тие ја држеле како сексуална робинка. Таа морало да танцува секоја вечер во приватниот ноќен клуб на султанот од 22 до 3 часот наутро, каде што ја третирале како проститутка. Шенон за магазинот „Пипл“ рекла дека ја дрогирале и ја злоставувале, а кога конечно се вратила во САД, ги тужела за 10 милиони долари за „душевна болка од кошмари, несоница и други трауми“. Браќата побарале дипломатски имунитет, а султанот за обвинението рекол дека е „полошо од убиство“. Случајот бил отфрлен.

Profimedia

Џилијан Лорен, која напиша биографија како поранешна членка на харемот, била регрутирана на 18 години. По слетувањето во Брунеи, ѝ бил одземен пасошот. Требало да внимава на својата тежина, а ако се случило да се здебели, тука бил лекарот со таблети за слабеење и спиење. Регрутираните девојки морало да бидат послушни. Во харемот имало многу Филипинки и Тајланѓанки, кои имале одвај 15 години. Девојките биле сместени во палатата на Џефри и морале да танцуваат ноќе за принцот и за неговата придружба, чекајќи да ги одбере да поминат една ноќ со него. Понекогаш тој ја поминувал ноќта со повеќето од нив. Лорен вели дека принцот никогаш не користел кондом и никогаш не ја прашал дали зема контрацепција.

Сака скапи свадби

Profimedia

Султанот сака венчавки, па затоа себеси си организирал и финансирал дури три. Секоја чинела десетици милиони долари. Тој е татко на 12 деца и многу внимава кога се во прашање нивните бракови. Секоја од раскошните венчавки на неговите пет деца, траела повеќе од една недела и секоја чинела 10 милиони долари.

Profimedia

Но, сето тоа е безначајно во споредба со одбележувањето на неговиот 50-ти роденден во 1996 година. Прославата траела две недели и чинела речиси 40 милиони долари, а поканил 3.000 гости во палатата. Мајкл Џексон пеел трипати за време на прославата, а за трите настапи инкасирал 25,8 милиони долари.

Со златен авион кај стилистот за брадата

Султанот е на престолот повеќе од половина век – дури 52 години. Тој е познат по тоа што е сопственик на 7.000 скапоцени автомобили. Исто така, поседува неколку авиони, чиј ентериер е опточен со злато. Султанот е неумерен во трошењето на парите, така што е подготвен да потроши 35.000 долари за да отпатува со приватен авион кај омилениот стилист, кој ќе му ја истриже косата и брадата. А, тој тоа го прави еднаш неделно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот