Фото: илустрација / „Слободен печат“

Струшкиот водовод нема дозвола да ја користи водата од изворот „Шум“, вели министерот Хоџа

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање стојат на располагање за надминување на проблемот со квалитетот на водата во Струга, истакна при денешната посета ресорниот министер Мухамед Хоџа.

По извршениот увид на реализацијата на проектот за замена на азбестните цевки во Струга, тој рече дека од првиот ден на настанување на проблемот Министерството е во постојана комуникација со Општина Струга и се работи на изнаоѓање трајно решение.

– Од првиот ден сме во комуникација со општинските власти, во врска со проблемот со водата за пиње. Инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина беа на терен и констатираа дека изворот, во случајот јавното претпријатие „Водовод и канализација“ нема соодветна дозвола за користење на водата. Дадени се насоки, барањето од страна на Општината е поднесено и ќе се следат сите законски патишта за да стигнеме до целта, изјави Хоџа, нагласувајќи дека досега не било разговарано за прогласување кризна состојба.

Градоначалникот Менди Ќура истакна дека засега не и е потребна финансиска помош на општината за решавање на проблемот со матноста на водата, туку оти работат на анализи од кај доаѓа заматувањето.

-Засега не ти требаат пари за оваа работа. Ако продолжи со матност ќе мора да преземеме мерки. Ќе бараме помош од Владата, дали ќе се филтрира водата или да се врати во првобитна состојба, рече Ќура.

Тој потсети дека последователно четврти ден анализите на Центарот за јавно здравје од мострите од градскиот водовод покажуваат матност во граници на нормалата, но сепак препораката за забрана за пиење останува поради стабилизирање на изворот „Шум“.

Повтори дека Општината ги презема сите мерки, одлуките од Советот се испратени до Владата, како и за решавање на правните обврски како што е за донесување одлука за заштитена зона околу извориштето и дозвола за користење на водата од изворите, која досега ја немало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот