СТРОГО ОГРАНИЧЕН БРОЈ: Во продажба билети за мечот со Грција! – Слободен печат
РакометСпорт

СТРОГО ОГРАНИЧЕН БРОЈ: Во продажба билети за мечот со Грција!

Најдобрите македонски ракометари се подготвуваат за последниот меч од квалификациите, учеството на ЕП е потврдено, против Грција очекуваме уште една победа.

Грција треба да биде само потврда на успешниот квалификациски циклус, а „црвено-жолтите“ ќе се обидат на најдобар можен начин го заверат учеството на ЕУРО 2020.

Македонската репрезентација во средата го обезбеди пласманот на континенталниот собир наредната година со триумфот над Турција во Ескишехир.

Загубивме изненадувачки на првиот меѓусебен дуел во Кожани од Грција, но избраниците на Брестовац посакуваат да се реваншираат за тој пораз.

mktickets.mk

Продажната мрежа МКТикетс известува дека денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за ракометниот меч Македонија-Грција.

Поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите во строго ограничен број ќе бидат пуштени во продажното место на МкТикетс во Струмица, Кафе бар Концепт.

Цената на билетот е 200 денари. Средбата ќе се одигра в недела (16 јуни) во салата „Парк“, Струмица со почеток од 18.00 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close