Страшни сцени во Русија, боксер со еден удар уби човек на улица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во инцидентот кој се случи во Русија, поранешниот боксер Михаил Старцев од зад грб удри човек кој без свест падна и со главата удри во асфалтот по што почина.

Поранешниот боксер Михаил Старцев и двојната светска шампионка во кикбокс Лилија Ворогушина беа главни актери во трагедијата во која животот го загуби татко на три деца, пишува Раша тудеј. Инцидентот се случил во рускиот град Барнаул, во близина на Новосибирска на паркинг пред ноќен клуб.

Инцидентот се случил пред многубројни сведоци, а виновен за се е алкохолот. Старцев и Ворогушина влегле во дуел со човек кој како што се гледа на снимката има некаков вид на стап, и никој од гледачите не сакаше да се вмеша освен Павел Поклов кон на крајот тоа го плати со својот ќивот.

Ворогушина го удрила хендикепираниот човек, додека Поклов го раздвојувал Старцев, одеднаш се свртел и ја удрил кикбоксерката. Тогаш Старцев жестоко го удрил од зад грб несреќниот Поклов кој паднал на асфалтот како покосен и со главата удрил во бетонот и починал на лице место.

„Благодарение на ова животно, моите три деца повеќе немаат татко кој не можеше да гледа напад на хендикепирана личност. Тој човек со стапот само сакаше да избега од овие злобници. Мојот Павел дојде да помогне и да ги раздвои, но кикбокс шампионката Ворогушина и нејзиниот пријател не нападнаа и потоа се случи тој фатален удар и моментна смрт. Моментна. Никој од тие злобници не ни се извини на мене или неговите родители“, напиша сопругата на починатиот Поклов.

Ворогушина која е четирикратна руска и двократна светска шампионка, ја поддржала затворската казна за нејзиниот пријател во висина од 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот