Стојоски: Многу ми значи рекордот на 100 метри, сега сум државен рекордер во 7 дисциплини

Јован Стојоски оствари државен рекорд на 100 метри/Фото: facebook.com/jovan.stojoski.atleticar

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски продолжува да блеска во своите настапи, оствари нов државен рекорд овојпат во една највозбудливите дисциплини, на 100 метри.

Нашиот натпреварувач успеа да го собори националниот рекорд на 100 метри, со резултат 10,59 секунди и воедно освојувајќи го првото место на меѓународниот Митинг во Бар, Црна Гора.

Тој е државен рекордер на Македонија во седум дисциплини, а исто така посакува да ги собори и следните шест дисциплини на 60 метри во сала, 400 метри отворено, 400 метри со пречки, 4×100 метри, 4×400 метри и во десетобој.

На Митингот во Бар го освои првото место и во дисциплината 400 метри (46,99 секунди).

– Во Црна Гора бев на завршни подготовки за летната сезона. Рекордот на 100 метри ми значи многу, сега сум државен рекордер во седум дисциплини.

Оваа година има многу големи натпревари, Светското првенство во САД, Европското првенство во Минхен (Германија), Медитеранските игри во Алжир, потоа ЕП за мали земји, Балканијади, национални натпревари, меѓународни митинзи…

Главниот фокус ми е 400 метри, а покрај тоа сакам да го подобрам мојот државен рекорд и на 200 метри отворено – ни изјави Стојоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот