Стојоски: Фокусот ми е на ЕП во атлетика во сала за сениори, спремам напад на државен рекорд

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски пред нови предизвици/фото: facebook.com/jovan.stojoski

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски годинава исто така имаше успеси, постави македонски рекорд на 100 метри (10,59 секунди) освојувајќи го првото место во оваа дисциплина на 26 Меѓународен митинг во Бар, а исто така беше и првопласиран на трката на 400 метри со време 46,59 секунди.

На Меѓународниот митинг за сениори во сала во Будимпешта го освои првото место соборувајќи го националниот рекорд на Македонија на 400м во сала со време 47,18 секунди. Го надмина рекордот стаар 35 години со претходна сопственост на Исмаил Мачев чиј резултат веше 47,49 секунди поставен исто така во унгарскиот главен град.

На Европското првенство за мали земји во Малта, Стојоски дојде до бронзата на трката на 400 метри.

Нашиот атлетилар веќе се подготвува за новите предизвици и најави напад на државен рекорд.

– Се подготувам за следната сезона, пред сè за зимска сезона која стартува веке на крај од декември. Фокусот моментно ми е на Европското првенство во сала за сениори во Истанбул кое ќе се одржи на почетокот на март. Исто така спремам напад на државен рекорд кој јас го држам во сала на 400 метри, 47.18 секунди – ни изјави Стојоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот