Стојановски постави нов младински рекорд на Македонија на Медитеранските игри

Македонскиот пливач Андреј Стојановски во Оран, Алжир/Фото: Македонски Олимписки комитет

На својот прв настап на Медитеранските игри во дисциплината 200 метри градно кои се одржуваат во Оран, Алжир, пливачот Андреј Стојановски исплива време од 2:22,42 минути.

Стојановски, придружуван од својот тренер Томи Стефановски, со овој резултат постави нов младински рекорд на Македонија.

Во неговата група имаше шест пливачи, Стојановски го освои петтото место, дисквалификуван беше Ал Шариф Сирај (Либија), а на првата позиција се најде Французинот Марк Антоан Лорен Жак (2:14,94 мин.)

На Медитеранските игри нашата експедиција брои вкупно 114 лица од кои 77 спортисти.

Нашата земја земја настапува во 10 спортови: ракомет, одбојка, таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, атлетика, мечување и стрелаштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот