ВИДЕО | Сопругот насилник со насмевка возврати на новинарските прашања пред судот – Јовановски останува во притвор уште 8 дена
Кривичниот суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди уште осум дена притвор на Стојанче Јовановски, осомничен за физичко малтретирање и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, која заедно со нивната 6-годишна ќерка скокна од зграда во скопската населба Тафталиџе .
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јовановски одеше кон судот молчешкум и правеше гримаси во одговор на новинарските прашања.
Тој мавташе со главата со полунасмевка на лицето одговори на прашањето на Скопје 1 – дали „станал поголем маж“ со насилството кое, според тврдењата на Обвинителството, неговата сопруга го трпела седум години.
Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.
Според прибраните докази, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот.


