Стоилов и Јовановска се спортисти на годината

принтскрин

Капитенот на европскиот ракометен шампион, Стојанче Стоилов е прогласен за спортист на Македонија во 2019 година во избор на Агецијата за Млади и Спорт во соработка со медиумите во државата.

Стоилов не беше присутен на манифестацијата, па наградата во негово име ја прими тренерот на Вардар јуниор, Столе Петрушевски.

Пуликсенија Јовановска која на Европското првенство во Гвадалахара го освои петтото место во кати е прогласена за спортистка на годината.

– Бев избрана за најдобра млада спортистка пред неколку години и ветив дека ќе работам уште понапорно. Сега ја добив главната награда и тоа ќе биде мотив за уште поголеми успеси. Чест ми е што сум дел од еден од најтрофејните спортови во нашата земја, каратето. Тоа немаше да се оствари без мојот тим, селекторот и поддршката од моите родители – рече Јованоска.

Одбојкарската репрезентација која за прв пат настапи на едно европско првенство е прогласена за најдобра машка репрезентација, додека во женска конкуренција, таа награда и припадна на сениорската ракометна репрезентација.

Во категоријата тренер-селектор, признанието му припадна на Сашко Арсовски, кој е предводник на најдобрите каратисти.

Капитенот на одбојкарите Никола Ѓорѓиев доби наградата за посебни достигнувања во спортот за 2019 година.

Најдобра федерација е Ракометната, а наградата ја прими нејзиниот претседател, Живко Мукаетов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот