Стивен Колберт вечерва ќе го води своето последно „Доцно шоу“
Последната епизода од „Доцното шоу“, чиј водител е комичарот Стивен Колберт ќе се емитува вечерва на Си-би-ес, со што завршува 33-годишната франшиза на емисијата, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Планот за последната емисија не е објавен, иако тимот на „Доцното шоу“ имаше време со месеци да подготви збогување на форматот што ја обележа американската телевизија.
Во последната недела, меѓу гостите беа Мајкл Китон, Џон Стјуарт, Џулија Луис-Драјфус, Стивен Спилберг, Дејвид Бирн и Брус Спрингстин, додека беше емитувана и необична верзија на песната „It’s Raining Men“, преработена во „It’s Raining Fish“.
Си-би-ес минатото лето објави дека емисијата завршува по 11 сезони, наведувајќи економски причини. Сепак, Колберт е лидер во однос на гледаноста во доцновечерната програмата, поради што многумина, вклучително и самиот водител, изразија сомнеж дека одлуката не била под влијание на долгогодишните критики на претседателот Доналд Трамп кон емисијата.
Одлуката за затворање дојде откако матичната компанија „Парамаунт“ се согласи на спогодба од 16 милиони долари во тужбата на Трамп за интервјуто во емисијата „60 минути“, додека чекаше одобрение од неговата администрација за планираната продажба на „Скајденс медиа“. Колберт го нарече потегот „голем мит“.
Си-би-ес ќе го пополни терминот на „Доцното шоу“ со емисија во која комичарите раскажуваат приказни, а водителот Бајрон Ален објави дека ќе избегнува политика.


