Стапалки стари 10.000 години ја откриваат приказната за патувањето на една жена со дете

Фото: М. Бенет / Универзитет Борнмут

Фосилизираните стапалки беа пронајдени на платото на исушеното недопрено корито на езерото во американскиот национален парк Вајт Сендс, пишуваат од универзитетот Бурнемут.

Најдолгата зачувана „трага“ од фосилизирани стапалки на една личност, долга 1,5 километар, е откриена во Ново Мексико.

Фото: М. Бенет / Универзитет Бурнемут

Откриени се стапалки на платото на исушеното недопрено корито на езерото во американскиот национален парк Вајт Сендс. Областа е инаку позната по тоа што е прошарана со стотици илјади стапалки на разни животни од ледено доба, вклучително и мамути, мрзливци, мачки со сабја заби, бизони, пишува Ешли Кови за античкото потекло.

Фосилизираните траги на човекот во Вајт се толку добро сочувани што научниците успеале да откријат многу детали за моментот што се случил пред околу 10.000 години.

Истражувачите веруваат дека лицето кое го преминало платото најверојатно било жена, иако не исклучуваат дека станува збор за тинејџер. Жената со неа носела мало дете и се чини дека некаде брзала. Неколку часа подоцна, таа се вратила на истиот начин, но без дете.

Научниците дошле до претпоставка дека станува збор за жена заради големината на стапалата. Брзината на одење на жената била проценета врз основа на растојанието помеѓу отпечатоците – одела 1,7 метри во секунда, што е многу побрзо од опуштеното одење, односно просечната брзина на одење од 1,2 до 1,5 метри во секунда. Патеката по која се движеле овие антички стапала е повеќе или помалку права линија, што укажува на тоа дека лицето се движело на одредено место.

 

Фото: Универзитет Бурнемут

Друга група отпечатоци кои припаѓале на истата личност, научниците откриле во близина, но се свртеле во спротивна насока, а анализите покажале дека биле направени неколку часа подоцна. Овие траги се порамномерни, што сугерира дека возрасниот одел сам на патот назад.

Праисториската жена со дете ја остави најдолгата патека на светот.
/фото:Метју Роберт Бенет, професор по еколошки и географски науки, универзитет Бурнемут и Сали Кристин Рејнолдс, главен академик по палеоекологија на Хоминг Универзитет Бурнемут

За жал, научниците не можат да откријат што се случило со детето. Склоноста кон драматичност нè тера да мислиме дека се случило нешто лошо, но сепак, сосема е можно возрасен човек да отиде да ѝ го врати бебето на мајката, а потоа се врати од каде што дошол.

Овие стапалки се испреплетуваат на две места со стапалки на мамути и гигантски мрзливци, но сепак, судејќи според начинот на движење на мамутот, научниците заклучуваат дека животните не обрнале внимание на луѓето кои биле во нивна близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот