Стадо овци во Грција изеле речиси 100 килограми канабис, овчарот ги приметил дека се однесуваат „нетипично“

овци
Овци, Фото: Profimedia

Несекојдневен инцидент се случил во грчката област Магнезија во централниот дел на земјата, каде стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис, објави грчката телевизија „Скај“. Како што пишуваат грчките медиуми, поголема количина од родот е уништена.

Овчарот набргу откако го извадил стадото на пасење, забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците всушност навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели.

По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето.

– Не знам дали е за смеење или за плачење, коментираше тој.

Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот