ССМ: Никаде во пресудите не пишува дека Митревски се враќа како претседател на сојузот

ССМ
ССМ / Фото: МИА

Како „истакнат” правник, наместо да се фали со првата страна од Пресудата на Управниот суд и Пресудата на Вишиот Управен суд, требало истите да ги прочита до крај и да прочита дека никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како Претседател на ССМ, туку пишува дека „тужениот орган при повторното постапување треба да ги има предвид и целосно да утврди дали се исполнети законските услови за упис на промена во надлежниот регистар, односно да утврди дали постапката по кривичниот предмет КО3 бр.583/2016 која во конкретниот случај претставува претходно прашање, е правосилно завршена, а доколку истата не е правосилно завршена да донесе одлука за прекин на постапката за упис на промена, се до нејзиното правосилно завршување”, стои во соопштението од ССМ.

Манипулаторот, Митревски добро знае, со оглед на тоа што е подносител на Кривична пријава, а треба да ги информира и јавноста и лицата со него на пресот, дека со Решение КОЖ бр.28/20 од Вишото Јавно обвинителство Скопје со кое се потврдува Решението на Основното јавно обвинителство Скопје КО3 бр.583/16 од 18.12.2019 година е отфрлена Кривичната пријава поднесена од Живко Митревски од Битола, и се потврдува дека во тој период, Дарко Димовски е легитимно избран за вршител на должноста Претседател на ССМ.

Согласно напатствијата во Пресудите со кои се фали, предходното прашање е правосилно завршено со отфрлање на Кривичната пријава поднесена од Митревски и согласно Закон, нема никаков основ тогаш поднесената Жалба од Митревски по Решението од Второстепената комисија, ниту пак влијание Пресудата со која истиот се фали со оглед на тоа што сите Законски пречки кои би можеле да влијаат на постапката се правосилно завршени во корист на ССМ и Дарко Димовски како Претседател.

Претседател на ССМ не се станува со желба или со пресуда на Управниот суд која никако не влијае на работењето на Сојузот на синдикатите на Македонија, туку на Конгрес со избор од страна на Делегати избрани од синдикатите здружени во ССМ.

Од разрешувањето на Живко Митревски, Сојузот на синдикатите на Македонија одржа два Конгреси, Вонреден во декември 2017 година и редовен 20 Конгрес на 3 јули 2020 година на кој за претседател на ССМ е избран Дарко Димовски, а на кој Митревски немаше храброст ниту да се појави меѓу членовите на синдикатите и Делегатите на Конгресите, што доволно говори за фактот каков полтрон и Претседател на ССМ бил во изминатите години.

Работа на Сојузот на синдикатите на Македонија е да се бори за унапредување и заштита на правата на работниците, а не за остварување на лични желби и интереси, па срамно е наместо да се бориш за работниците за кој немаш сторено ништо, да се бориш за фотеља и за личен интерес и по што си препознаен од работниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот