Српската пратеничка во хрватскиот Парламент за операцијата „Бура“: Пред вас стои девојче од колоните

Пратеничката на Самостојната демократска српска партија (СДСС) Ања Шимпрага одржала емотивен говор во хрватскиот Парламент раскажувајќи го своето лично искуство за време на воено-полициската операција „Бура“ и добила аплауз.

„Секоја година во ова време, детето говори во мене. Сеќавање на едно девојче. На тој 4. август 1995 година имав точно осум години. Наеднаш небото ја промени бојата. Дишењето беше отежнато. Со ранецот од друго одделение на основото училиште бев спремна за пат, пат кој немаше име, пат кој не водеше кој знае каде. Од Книн, преку Бања Лука, а оттаму без застанување до Србија. Колоната беше долга, звукот на трактори и плачот не опкружуваа. Последните парчиња леб ги поделив со роднините, а тој мирис ме следеше“, рекла таа.

По пристигнувањето во Србија, таа рекла дека сакале да ги испратат во Ниш, но успеале да ги наговорат надлежните да ги пуштат во Белград, каде имале роднини.

„Не пуштија до Нов Белград. Тогаш пораснав. За таа една ноќ“, порачала Шимпрага.

Таа со фамилијата се вратила во Книн во 1999 година. Како што вели, тогаш повторно биле крај својата река и меѓу своите луѓе.

„Знаев дека моите врсници Хрвати поминале страдање, страв и морале да идат на пат каде не бил нивниот дом. Но исто така знаев дека тие деца од едната и другата страна еден ден ќе седнат на иста маса и ќе се договорат веќе на никое дете да не му го украдат детството, правото на среќа. Малиот човек е секогаш тој кој страда, кој ништо не се прашува“, рекла Шимпрага.

„Гледајќи ги своите родители, нивните измачени раце, кои деноноќно работе на полињата за да ги изведат своите деца на правилниот пат, знаев дека е многу поважно да се биде човек, отколку само Хрват или само Србин. Девојчето не го заборави минатото. Учеше од него, но иднината и беше поважна и на сите нас треба да ни е. Денеска, 25 години подоцна, ова девојче од колоните стои пред вас. Имам само една желба, да градиме слободно општество и заедничка иднина“, порачала Шимпрага, која на крајот добила аплауз во хрватскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот