Српската пејачка раскажа како ја поминала короната: Највеќе ќе се исплашиш кога ќе влезеш во болница, плачев од страв! (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Познтата српска пејачка Милица Тодоровиќ го прележа коронавирусот и после три недели во самоизолација, добила негативен тест.

Дваесет и еден ден била во самоизолација со колешката Славица Чуктераш, која исто така била позитивна на коронавирусот, а на самиот почеток немала никакви симптоми.

 

View this post on Instagram

 

@milicatodorovicofficial ❤️❤️❤️

A post shared by Slavica Cukteras (@cukterasslavica) on

Нејзиното искуство било трауматично, а истото го сподели кога се вклучи во една емисија, каде открила дека била премногу исплашена.

– Ова треба да се сфати сериозно. Морам да признаам дека се чуствував многу лошо. Тоа ме „тресеше“ едно 20-на дена. Кога ќе видам сега дека луѓето не носат маски, многу се нервирам – изјавила Милица на почетокот од разговорот.

– Ниту јас не верував дека сум позитивна, дури и кога го добив тестот дека сум позитивна. Па, онака, малку се опуштив, а тоа беше моја грешка. Е, потоа кога ме фати температура, па омалаксаност, па треска, па кога те боли се… Па, кога ќе влезеш во една, па во друга болница, е тогаш ќе се исплашиш – рекла пејачката.

– Најголемиот страв е дефинитивно кога ги чекаш резултатите. Најмногу се плашиш кога ќе ја видиш глетката во болница, односно тоа што се случува таму, како луѓето доаѓаат, што им соопштуваат… Во еден момент дури почнав да плачам од тоа колку се исплашив. И сега носам маска, држам дистанца и апелирам на сите луѓе да го прават тоа – порачала Милица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот