Срѓан Тодоровиќ: По смртта на синот, не сум веќе ист

Instagram
Фото: Instagram

Познатиот српски актер Срѓан Жика Тодоровиќ за првпат отворено прозборе за трагедијата што му го смени животот.

Во 2017 година ненадејно починал тригодишниот Дејан, син на актерот, кој го добил со сопругата Ана по 12 години борба за потомство. По смртта, како што вели Срѓан, тој и сопругата паднале во депресија, а тој многу ослабнал бидејќи не можел да јаде. Иако размислувале за второ дете, сè уште не се решиле на таков чекор.

Никогаш во животот не сум се чувствувал полошо. Како да ми се направи некаква дупка во душата, која е ненадоместлива. Сите ми велат: „Мораш да продолжиш понатаму, морате да имате второ дете“. А, тогаш ни текнува дека е светска пандемија и се случуваат чудни работи. Не знае човек што да прави, кога нешто такво ќе му се случи“, изјави актерот во интервју за порталот „Нова РС“.

Instagram
Instagram

Синдром на ненадејна смрт

Пред четири години, Срѓан со сопругата Ана и синот Дејан отишле на лекар бидејќи малиот бил настинат. Кога се вратиле, детето легнало да спие, а два часа подоцна Ана забележала дека нешто не е во ред со него. Повикале брза помош, но лекарите не можеле ништо да направат. На обдукција било потврдено дека срцето престанало да му чука и дека станува збор за синдром на ненадејна смрт на детето.

Јас не познавам никој кому му се случило такво нешто. Токму во моментот кога почнуваше со мене да зборува, кога почнувавме да градиме однос татко и син, почнувавме да разговараме, постојано ме потпрашуваше: „А зошто ова, тато, а зошто она“, тогаш се случи. Понекогаш си помислувам дека има и полоши варијанти – да беше повозрасен, сè ќе беше потешко и потешко. Некогаш си велам: – Заспа и не се разбуди, барем не се мачеше“, вели Срѓан.

Instagram
Instagram

Со сопругата Ана се заедно повеќе од 20 години, а актерот раскажа како оваа трагедија влијаела врз нивниот однос.

Не стана збор за развод. Животот треба да се проживее заедно. Се обвинувам само себеси. Нормални и зрели луѓе за такви работи никогаш не го обвинуваат другиот. Прашање е дали воопшто ние сме виновни или таква била судбината. Ова е првпат да зборувам јавно за тоа, но дупката во душата засекогаш ќе остане. Јас инаку пишувам песни, само за своја душа и не ги објавувам бидејќи сум многу срамежлив. Има и многу лични работи во нив. Има една песна што му е посветена на Деки“, вели актерот.

Неговиот син Дејан е кремиран на 23 декември 2017 година во Белград, а по една година неговата урна е положена покрај урната на дедо му Бора Тодоровиќ, во Алејата на великаните на белградските гробишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот