Средношколци засадија стотина чемпреси во парк шумата Гази Баба
Град Скопје во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција која се одржува по повод 21 март – Меѓународниот ден на шумите, градоначалничката Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија над 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Заедно со средношколците го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите со акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено ја подигнуваме свесноста за важноста на животната средина и одговорниот однос кон неа без нејзино загадување и уништување. Истовремено, Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности за садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје – изјави Арсовска.
Во големата еко акција за пошумување учествуваат средношколци од средните училишта „Боро Петрушевски“, „8 Септември“, „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“.



