Кит Келог и украинскиот претседател Володимир Зеленски/Фото: Ukraine Presidency/Ukrainian Pre / Zuma Press / Profimedia

Средба Зеленски – Келог: Москва нема да запре без притисок со сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави краток извештај од денешната средба со американскиот претставник Кит Келог, истакнувајќи дека разговорите биле „продуктивни“ и насочени кон практични чекори што би го приближиле мирот.

„Разговаравме за патот кон мирот и што конкретно можеме да направиме заедно за да го постигнеме. Тоа вклучува зајакнување на украинската воздушна одбрана, заедничко производство и набавка на одбранбено оружје со Европа, како и нови санкции против Русија и нејзините поддржувачи“, изјави Зеленски.

Тој истакна дека Украина се надева на американско водство, посебно во контекст на тоа што, според него, „Москва нема да запре сè додека нејзините неразумни амбиции не бидат ограничени со сила.“

Зеленски нагласи дека очекува конкретна воена и политичка поддршка од Вашингтон, особено во контекст на најавите на Доналд Трамп за испорака на напредни ПВО системи „Патриот“ и можни разговори за офанзивно оружје кое би можело да ја промени динамиката на боиштата.

Во завршницата од изјавата, тој им се заблагодари на американскиот народ, претседателот Трамп и Кит Келог за нивната поддршка, подвлекувајќи:

„Единството со Соединетите Американски Држави е клучно за заштита на европската безбедност и меѓународниот правен поредок.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот