Србија: Вучиќ го претстави Болт како промотор на „Експо 2027“
Болт е еден од најпознатите спортисти во историјата, спринтер чии светски рекорди на 100 метри и на 200 метри се активни од 2009 година
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше средба со познатиот атлетичар Јусеин Болт. Вучиќ се сретна со повеќекратниот олимписки шампион и светски рекордер во спринтерските дисциплини во Палатата Србија.
Препорачано
Српскиот претседател објави дека легендарниот атлетичар од Јамајка ќе биде еден од промоторите на изложбата „Експо 2027“ што ќе се одржи во Белград и нагласи дека ова е голема работа за Србија.
Според Вучиќ, со Болт, промоцијата на „Експо 2027“ е подигната на спектакуларно ниво. Досега 115 земји го потврдиле своето учество на изложбата.
Болт е еден од најпознатите спортисти во историјата, спринтер чии светски рекорди на 100 метри и на 200 метри се активни од 2009 година, од Светското првенство во Берлин.
Јамајканецот, меѓу другото, е сопственик на осум златни олимписки медали, 11 златни медали од светските првенства. Болт никогаш не бил поразен на олимписките игри, а од 2008 до 2016 година ги победил сите свои ривали.


