Србија не ги ублажи мерките: Влез во државата без ПЦР тест само за вакцинираните жители

Србија, Кризен штаб / Фото: Архива

Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки. Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Синофарм, Фајзер и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината АстраЗенека, да им биде дозволен влез во земјата без негативен ПЦР тест или изолација. Истото ќе важи и за странските државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, по седницата изјави дека и натаму е голем бројот на заболени граѓани и дека постојните мерки придонеле да не дојде до голем експоненцијален раст на новозаболени лица.

-Владата со указ ќе прецизира оние лица кои целосно ќе се вакцинираат, со потврда за вакцинација од Србија, да можат да влезат во земјата без ПЦР-тест и без изолација, кажа Гојковиќ.

Истото ќе важи и за странските државјани, кои ќе можат да влезат во Србија без ПЦР-тест и карантин, доколку целосно се вакцинирани со вакцини од Србија, изјави тој.

-Целосната вакцинација вклучува две дози на вакцинација на Фајзер, Спутник V и Синофарм. Бидејќи АстраЗенека моментално има само една доза, се подразбира дека една доза е еднаква на овие три вакцини за кои е потребна двојна имунизација, објасни Гојковиќ.

Тој додаде дека државата се подготвува за Велигден, не само католичкиот, туку и за православниот за шест недели, така што за тој период пак ќе се дискутира за мерките.

Тој додаде дека е анализирано барањето на Министерството за образование да им овозможи на учениците кои биле на онлајн настава од почетокот на годината, да бидат оценувани во мали групи во училиштата каде што постои можност за тоа.

Гојковиќ кажа дека сегашните мерки остануваат во сила до наредното известување, бидејќи придонесоа да нема експоненцијален скок на заразените.

Тој потсети дека досега во Србија се вакцинирани околу 1,3 милиони луѓе и дека речиси 900 000 лица се целосно имунизирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот