Србија е првиот шампион на АТП купот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Првиот светски рекет Рафаел Надал после поразот од Ѓоковиќ, не одлучи да настапи во третиот решавачки меч за титулата во Сиднеј.

Тениската репрезентација на Србија го освои премиерното издание на АТП купот. Србите во големото финале во Сиднеј ја совладаа Шпанија со резултат 2:1 во победи.

Во одлучувачкиот трет меч во двојки Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки беа подобри од Фелисијано Лопез и Пабло Карењо-Буста со 6:3 и 6:4.

Претходно во првата пресметка Роберто Баутиста-Агут славеше против Душан Лајовиќ, а во мега дуелот Ѓоковиќ триумфираше над Рафаел Надал.

Иако се најавуваше дека Надал ќе игра и во дубл, тој одлучи од трибините да ја даде поддршката и ја чува формата за првиот грен слем турнир сезонава, „Австралија опен 2020“.

После поразот од Ноле, Рафа пред медиумите изјави дека бил незадоволен од српските навивачи кои за него биле многу бучни и се однесувале како да се на фудбал.

На патот до финалето тенисерите предводени од селекторот Зимоњиќ славеа против Јужна Африка (3:0), Франција (2:1), Чиле (2:1), Канада (3:0) и Русија (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот