Ѓоковиќ подобар од Надал, Србија израмни против Шпанија! (ВИДЕО)

фото: твитер

По 29. пат во својата кариера Ноле излегува како победник во меѓусебните дуели против Рафа и ги одржа шансите на српската селекција за шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со резултат 6:2, 7:6 (5) во вториот сингл меч во финалето на АТП купот и така донесе израмнување против Шпанија на 1:1.

Претходно во првиот дуел Роберто Баутиста-Агут го донесе првиот поен за Шпанците откако беше подобар од Душан Лајовиќ со 7:5 и 6:1.

Ѓоковиќ беше свесен дека мора да победи против својот голем пријател и ривал Надал и тоа успеа да го направи за скоро два часа игра.

По 29. пат во својата кариера Ноле излегува како победник во меѓусебните дуели против Рафа и ги одржа шансите на српската репрезентација за титулата.

Решавачката пресметка ќе се игра во двојки, според најавите партнер на Ѓоковиќ се очекува да биде Виктор Троицки, а на спротивната страна за „црвената фурија“ ќе бидат Надал и Пабло Карено-Буста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот