Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Фото: JEAN CATUFFE / AFP / Profimedia

Новак Ѓоковиќ изминатиот викенд одигра фантастичен меч против Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос, а по мечот направи гест со кој ги освои симпатиите на фановите.

Веднаш по победата во пет сета над Циципас, Новак Ѓоковиќ му го подари рекетот на младо момче од трибините кои во текот на целиот меч го бодреше српскиот тенисер.
Ѓоковиќ изјави дека младото момче му беше голема поддршка и поради тоа одлучи да му оддолжи со тоа што му го подари рекетот, но веќе наредниот ден почнаа да се појавуваат проценки колку би вредел рекетот. Првичните проценки беа дека вредноста е 25.000 долари, а подоцна се дојде и до 100.000 долари, но денеска се случи неверојатен пресврт на настаните.

Јаху спорт објави дека видеото почна да го снемува од јутјуб и од интернет и тоа бидејќи Тениската федерација на Франција го тргнала видеото од официјалниот Твитер профил поради авторски права со што ги разгневи фановите и корисниците бидејќи станува за убав гест од страна на Ѓоковиќ.
Гласот поради ваквиот потег го кренаа и новинарите кои ја нападнаа тениската федерација на Франција.


– И честитам на Тениската федерација на Франција и/или на Ен-Би-Си кои бараа моето видео од момчето кое го добива рекетот од Ѓоковиќ да биде тргнато. Видеото има 5.5 милиони прегледи, повеќе од било кое видео од мечевите на Ролан Гарос. Одличен потег за спортот кој се мачи да привлече навивачи, но вие момци ги штитите своите права – изјави иронично Дарен Пауел, новинар на Спортс Бизнис.


Француската тениска новинарка Карол Бушар смета дека овој чин со симнувањето на видеото од јутјуб и социјалните мрежи е акт на лудило.
„Немојте да го тргате тоа видео, што по ѓаволите?. Тоа не е момент кој се коси со ТВ правата. Не пукајте во нога на тенисот кога се шири надвор од своите граници“, напиша Бушар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот