Спектакуларно финале, Италија со пресврт до седмо европско одбојкарско злато

Италијанците во финалето ја совладаа Словенија во пет сета/ Катовице, Полска/ 19 септември/ фото: EPA-EFE/LUKAS KABON

Одбојкарската репрезентација на Италија е нов европски шампион откако во Катовице откако во спектакуларно финале ја совладаа Словенија со 3:2 во сетови и тоа со 22:25,25:20,20:25,25:20,15:11.

Ова е седмо европско злато за Италијанците кои последен пат на кровот на Европа беа во 2005 година, а прв пат играат финале од 2013 година.

Словенечките одбојкари пак по трет пат губат во финалето на ЕП, претходно беа поразени во 2015 година од Франција и во 2019 година од Србија.

Ова беше втор натпревар помеѓу овие две репрезентации на ова ЕП, а првата пресметка исто така заврши со победа на „азурите“ кои турнирот го завршија со перфектен скор, девет победи во девет меча.

Во првиот сет, Словенија уште на стартот направи предност која успеа да ја зачува до крај, а во финишот таа изнесуваше и седум поени.

Во вториот сет, подмладената италијанска репрезентација заигра далеку подобро, ги намали грешките и благодарение на добриот сервис лесно ја одржа предноста до крајот на сетот.

Третиот сет повторно помина во знакот на словенечките одбојкари, додека „азурите“ во возвратија во четвриот и мечот го одведоа во решавачкиот петти сет.

Во него, подобро се снајдоа Италијанците кои експресно ја анулираа негативата од 0:3 на стартот и потоа успеаја да поведат со 11:7 и стекната предност ја зачуваа со самиот крај што значеше седма европска титула.

Третото место и припадна на селекцијата на Полска која со 3:0 во сетови (25:22, 25:16,25:22) ја совлада Србија.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот