Спасувачки екипи сè уште трагаат по 78 исчезнати во морето во близина на Мумбај

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

За 24 часа, три бродови и хеликоптери спасиле 183 лица.

Спасувачки бродови и хеликоптери во екстремно лоши временски услови и немирно море сè уште трагаат по 78 лица кои се водат како исчезнати, откако под налет на циклон потона баржа кај Мумбај.

За 24 часа, три бродови и хеликоптери спасиле 183 лица.

Во друга операција, 35 членови на екипажот од друг брод што се насука северно од Мумбај се извлечени со хеликоптер, соопштија властите.

Двете баржи работеле за најголемата индиска компанија за сурова нафта и природен гас, „Оил енд натурал гас корп”.

Компанијата соопшти дека на бродовите имало работници ангажирани на дупчење во близина на брегот, и оти циклонот им ги однел сидрата.

Циклонот Таукте, најсилното невреме што го зафати регионот во повеќе од две децении, го погоди крајбрежјето доцна во понеделникот со 210 километри на час, при што загинаа најмалку 25 лица во Гуџарат и Махараштра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот