Спас во последен час: Вратете ѝ ја свежината на храната

Фото: Архива на Слободен печат

Колку пати ви се случило од фрижидер да извадите овената блитва или спанаќ и веднаш ги фрлате во канта? Нема потреба тоа да го правите, затоа што едноставни трикови можете на различни видови храна да ѝ ја вратите свежината и да уживате во здрав оброк.

Овенатиот листест зеленчук, како зелена салата, блитва, зелка или спанаќ, можете да го оживеете ако накратко го потопите во сад со мраз ладна вода. Наполнете го садот со ладна вода, по потреба додајте неколку коцки мраз и во неа ставете го зеленчукот да стои 30-ина минути. Кога ќе го извадите, задолжително исцедете го и исушете го.

Пресушениот и тврд ориз кој некое време сте го чувале во фрижидер, не е привлечна глетка, а воопшто не може да се смета за вкусен оброк. Во сад ставете неколку лажици вода и додајте го оризот, поклопете го садот и оставете да се вари додека испари водата, а оризот добро се загрее. На истиот начин можете да го загреете во микробранова.

Исушениот леб секогаш можете да го искористите за правење лебни трошки, но ако се најдете во ситуација дека итно ви е потребна резанка леб, најдобро е лебот да го завиткате во лист хартија за печење, кој претходно сте го натопиле во вода, па така завитканиот леб загрејте го неколку минути во рерна. Ако користите микробранова, завиткајте го во кујнска хартија и загревајте го дваесет секунди. Но, откако го загреавте на овој начин, морате веднаш да го изедете, бидејќи брзо ќе се исуши и ќе стане уште потврд отколку што беше пред да го ставите да омекне.

Салатата од вчера не треба да ја фрлате во отпад иако изгледа дека ништо не може да ѝ ја врати свежината. Во овенатата салата додајте неколку листови свежа крцкава салата и ќе добиете нов вкусен оброк.

Влажните бисквити воопшто не се вкусни, затоа ако отворите пакетче од омилените слатки изедете го поскоро. Но ако се случи да ги заборавите и да впијат влага затоа што не сте го затвориле добро садот или пакувањето, ставете ги во рерна загреана на 180 степени да се исушат на врел воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот