„Спајс грлс“ по 11 години се обединуваат: Викторија Бекам повторно ќе запее

„Спајс грлс“ во 2007 година / Фото: EPA/KIM STALLKNECHT

Пејачката Мел Би ја најави повторната средба на популарниот женски бенд од 90-тите. Таа за „Сан“ не открила детали за проектот на кој работат, но потврдила дека ќе се соберат сите девојки, вклучувајќи ја и Викторија Бекам.

Имено, ова ќе биде нивно прво обединување по 11 години, од нивниот настап на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Викторија Бекам потоа не сакаше да им се придружи на своите колешки на турнејата по Велика Британија во 2019 година, велејќи дека е премногу зафатена со нејзиниот бренд за облека.

Фото: Инстаграм/„Спајс грлс“

Инаку, Мел Би најави дека петте девојки наскоро ќе објават официјална изјава за нивниот таен проект, на кој во моментов посветено работат.

На прашањето како ја убедиле Викторија да се врати, пејачката објаснила дека не било проблем ја убедат, бидејќи тие постојано се во контакт. Но, знаат дека Викторија е навистина во последниве години е зафатена со својата модна линија и посветена е на фамилијарниот живот.

Иако пејачката Мел не сакала да ги открие деталите за проектот, британските медиуми веќе шпекулираат дека се работи за голем концерт во Гластонбери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот