СП 2022 | Група А: Холандија и Еквадор за осминафинале, Катар и Сенегал за надеж

Момент од натпреварот Катар - Еквадор на СП 2022/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Холандија и Еквадор славеа на стартот од групата „А“ и денеска од 17.00 часот на стадионот „Калифа Интернешнл“ двете селекции ќе имаат можност со нови три бода да обезбедат пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Можеби на хартија „лалињата“ се фаворити, но Еквадорците се стабилна, цврста репрезентација која нема примено гол во последните 704 минути. Последниот гол го примија на 29 март годинава од Аргентина.

Добрата вест за Еквадорците е што Енер Валенсија, стрелецот на два гола на отворањето на Мундијалот против Катар, ќе биде подготвен за дуелот, а Холанѓаните ќе го имаат на располагање Мемфис Депај, напаѓачот на Барселона повеќе од 30 минути.

Претходно Катар и Сенегал од 14.00 часот ќе играат за останување во трката за една од првите две позиции кои водат во следната фаза на Мундијалот.

Домаќините сигурно ќе сакаат да го подобрат впечатокот од првиот меч, на кој играчите потпаднаа под впечаток на атмосферата и не успеаја да ја надминат нервозата. Сенегал е фаворит, ќе мора да биде поефикасен доколку сака да дојде до три бода и да ја реши судбината против Еквадор.

Група А, второ коло

Денеска, двојки –

Катар – Сенегал 14.00 часот
Холандија – Еквадор 17.00 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот