Совршен за пред вежбање – Рецепт за домашен сок од цреши што дава енергија
Црешите се вистинска ризница на витамини и минерали кои позитивно влијаат врз срцето и дигестивниот систем, го поттикнуваат исфрлањето на вишок течности од организмот и помагаат при алергии. Особено се препорачуваат за луѓе кои се физички активни, бидејќи делуваат против воспаленија на мускулите и грчеви, а придонесуваат и за зајакнување на коските, пишува „Пун куфер“.
Препорачано
Доколку имате поголема количина цреши, искористете ги за подготовка на домашен сок кој е одличен избор пред тренинг. За поздрава варијанта, шеќерот може да се замени со стевија.
Сирупот од цреши е одличен додаток во лимонада со неколку листови босилек, освежителни летни коктели, но и во лесни десерти или сладолед.
Потребни состојки
- 3 килограми цреши
- 1 литар вода
- 450 грама шеќер
- 5 ванилин шеќери
Подготовка
Во голем сад со загреана вода ставете ги црешите претходно исчистени од дршките и варете околу 20 минути, при што повремено отстранувајте ја пената.
Добиениот сок процедете го низ газа, па измерете ја количината. На секој литар сок додадете околу 500 грама шеќер.
Смесата кратко варете ја повторно, повторно отстранувајќи ја пената, а потоа сипете ја во стерилизирани стаклени шишиња.
Овој природен напиток е одличен начин да внесете енергија пред физичка активност, без дополнителни адитиви.


