Составот на Македонија за денешниот прв меч против Франција на ЕП 2024

фото: Ракометна федерација на Македонија

Од 18.00 часот со натпреварот меѓу Македонија и Франција на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф, ќе стартува Европското ракометно првенство во Германија кое ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година.

Нашите најдобри ракометари се во групата „А“ во која настапуваат и репрезентациите на Германија и Швајцарија.

Познат е составот со кој ќе игра Македонија против еден од фаворитите, не само во нашата група, туку и за освојување на еден од медалите на ЕП.

За денешниот меч против Французите во составот на Кирил Лазаров нема да бидат Марко Кизиќ и Игор Ѓоргиев.

Составот на Македонија за натпреварот против Франција: Никола Митревски, Мартин Томовски, Едвин Омерагиќ, Мартин Велковски, Марко Митев, Филип Талески, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Никола Костески, Жарко Пешевски, Томислав Јагуриновски, Милан Лазаревски, Иван Џонов, Петар Атанасијевиќ, Давид Савревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот