Сопственикот на НХЛ тимот Бостон бруинс  „тежи“ милијарди, а ги отпушта вработените

twitter/Boston Herald

За разлика од неколку НБА ѕвезди и екипи како Голден Стејт, Зајон Вилијамсон, Кевин Лав, Донован Мичел кои од свој џеб ќе ги плаќаат вработените во салите, работниците во салата „ТД Гарден“ во Бостон останаа без работа и без пари.

Управата на ТД Гарден им испратила писмо на вработените со наслов „Оперативен учинок на коронавирусот“ во кој ги известува работниците дека не се потребни се додека не се создадат услови за нормална работа и поради постојаните промени на ситуацијата, ќе ги известува за евентуалното продолжување со работа.

Управата исто така ги известила дека сите се слобофно да се пријават во заводот за вработување со надежи дека овие промени ќе бидат краткотрајни, пишува весникот „Бостон Хералд“.

Во „ТД Гарден“ арената настапуваат две екипи, НБА тимот на Бостон селтик и НХЛ екипата Бостон бруинс. Сопственик на „ТД Гарден“ арената газдата на НХЛ тимот Бостон бруинс, Џереми Џејкобс чие богатство се проценува на 3.1 милијарди долари.

По притисокот на јавноста, Бостон бруинс се обврза да им помогне на вработените во салата со тоа што отвофи фонд од 1.5 милиони долари.

Селтикси велат дека тие не се сопственици на салата туку само ја изнајмуваат и одлучија да ги исплатат сите работници за преостанатите девет натпревари кои требаше да се играат во оваа сала.

Во меѓувреме, сопственикот на Филалдефија сиксерс и НХЛ тимот Њу Џерси девилс, Џош Херис, им ја намали платата на сите вработени за 20 проценти, но по жестоките критики од јавноста, се премисли.

– Тоа ни беше дел од планот за да може сите вработени да ја задржат работата, но откако ги сослушавме, ни стана јасно дека одлуката е погрешна. Поради тоа сите вработени ќе продолжат да ја добиваат целосната плата, и се извинувам за погрешната одлука – изјави Херис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот